

Одлично спакуваниот проект на Агенција за Млади и Спорт „The Best Of Macedonia“, проект за промоција на македонските забавни, народни и детски песни кои изминатите 20 години оставиле белег на македонската музичка сцена, по својата популарност или квалитет, во својата листа на најдобри изведувачи и хитови кои тие ги извеле ја забележаа и Дани со „Црвени Дождови“.
Трката на 20-те изведувачи (по 20 од сите 3 категории) започна на 04.08.2011 и трае се до 20 август.
Откако ќе се изберат по 20 народни, забавни и детски песни, тие ќе бидат ставени на носачи на звук и ќе се промовираат на 8 септември, на забава што ќе се одржи на градскиот плоштад „Македонија“ по повод 20-годишнината од независноста на државата.
Во моментов граѓаните имаат можност да гласаат за предложени 100 забавни, народни и детски песни. Исто така, граѓаните на интернет страниците ќе може да го предложат својот фаворит, доколку го нема во понудените.
За поддршка на Дани испратете бесплатни смс пораки од било кој мобилен оператор на 144-400 со шифра Z090, или пак гласајте на официјалните веб страници www.najdobrotoodmakedonija.mk и www.thebestofmacedonia.mk
Дани и нејзиниот тим го подржуваат овој СУПЕР проект и го охрабруваат тимот на Агенција за млади и спорт да продолжи да работи на музичките проекти како и досега.
На 4-ти јули премиерно ќе се пушти долго најавуваното видео за дуетската БОРЦИ на Дани ft. Скит Скитара! Песната, исто така, од утре премиерно ќе се пушти во етер низ Македонија. Песната е фузија на два стила (rock&hip-hop) односно она што двајцата артисти го претставуваат и во музичкиот и во стилот на живеење.
„Борци“ е авторско дело на Скит Скитара (продуцент во Токсикологија), а во неа се зборува за секојдневните препреки и борби со кои луѓето се соочуваат, за меѓучовечкото нетрпение, за вербата во себе и мотивирачко игнорирање на се негативно што асфалтската џунгла носи!
Во моментов Дани е актиелна со „Црно на бело“, песна од актуелниот албум „Во меѓувреме“, а во тек е и турнејата низ државава со Anti-AIDS кампањата. Скит пак се подготвува за концертот на Антички во Охрид на 23-ти јули!
По недоамна објавениот летен амбасадорски караван на Дани низ поголемите градови/центри низ државата и по неколкуте поминати градови, би сакале да ве информираме за feedback-от од овој проект кој се организра во партнерство со Институтот за јавно здравје при Министерството за здравтсво и УНФПА (Фонд за население на Обединетите нации).
Караванот „Слободно прашај - имаш каде“ во органиација на UNFPA и тимот на Дани изненадувачки успешно резултира од град во град. Досега изработените таргетирани центри (Прилеп, Тетово, Струмица и Струга) поминаа, а резултатите се одлични. Начинот: музика + ентертејмент + едукација, па макар тоа било и во подоцните часови, повторно се докажа за вистински!
Младите сакаат да слушнат збор-два за сексуалното здравје, сакаат да добиваат средства за заштита, презервативи, сакаат да се обезбедат со место каде што ќе можат бесплатно да се информираат и да добијат бесплатен преглед, повеќе информации, совети за нивното сексуално и репродуктивно здравје.
Остануваат уште четири града кои ќе бидат опфатени во текот на јуни и јули: Куманово, Штип, Охрид и Велес, а за истите ќе добиете повратна информација во текот на месец јули. Покрај амбасадорската улога, Дани работи и на завршувањето на најавените проекти. Станува збор за долго најавуваното дуетско дело со младиот рапер Скит Скитара кое е готово и во целост е дело на Скит (музика, текст, аранжман).
Песната се вика „Борци“, а темата на истата е инспирација од животот на младите во Македонија, нивната борба за успех, упорноста, препреките кои самите на себе знаеме да си ги приредиме понекогаш. Во текот на изминатата недела се снимаше и видеото за истата, кое премиерно ќе можете да го видите на MTV Adria на 04.07.2011. Не би додавала ништо повеќе за видеото, останува да погледнете за некој ден. Режисерската улога на ова видео ја има Огнен Шапковски. Како што веќе напоменавме, станува збор за проект во кој Дани се појавува во сосема поинакво светло, за прв пат работи на песна со фузија на два сосема различни стила, а сепак го задржа својот фазон.
По враќањето од Каиро, каде што се одржа последната конференција со Y-peer амбасадорите и на која се дискутираше за новитетите при едукација на младите во борбата против сидата, Дани покрај посетата на конференцијата и работилниците на истата оствари контакт и со луѓето од музичкиот бизнис во Каиро. Освен познанствата и дружбите со некои од нив договорено е во текот на ноември Дани да одржи концерт во Бејрут, а во склоп на кампањата за истиот ќе добие подршка на повеќе билборди низ Бејрут, на кои сослоган за борба против сидата ќе го најавува својот концерт.
Концертот ќе биде подржан од Карим Камел еден од најпознатите Каирски пејачи, со кој Дани ќе работи на нивната заедничка песна, а истата ќе биде најава за нејзиниот концерт во Бејрут. На концертот покрај Карим ќе се појават и нејзините колеги/амбасадори. Оваа информација ќе биде подетално објавена по посетата на пејачот во Македонија.
Во тек е и летната Anti Aids Кампања во која Дани ја започна својата амбасадорска работа на домашна територија. Станува збор за музичко/едукативниот летен караван кој треба да помине во 8 поголеми градови во државата, а идејата на овој караван е да се испромовираат центрите за сексуално и репродуктивно здравје. Името на кампањата е "Слободно прашај - имаш каде" од чие име апсолутно се гледа дека целта е да се преминат сите бариери и препреки при разговорот на следниве теми: Секс, презервативи, контрацепција, сида.
Досега поминаа градовите:
• Прилеп, Диско ВИП каде што имаше посетеност од млади кои супер ја прифатија идејата и концептот на забавата
• Тетово, Диско Шкорпиус исто така клуб посетен од млади луѓе активни на концертниот караван.
Следни градови во кои ќе бидат одржани настапи од ваков вид се:
• Скопје, Клуб Хавана 16.06.2011
• Струмица, Кафе Експириенс 17.06.2011
• Струга, Женска Плажа 18.06.2011
• Куманово, Касапски Круг 25.06.2011
• Охрид, Куба либре во тек на месец јули
• Штип, во тек на месец јули
Пред започнувањето на овој караван Дани го заврши снимањето на видеото за песната "Црно на бело" од нејзиниот последен албум "Во меѓувреме". Видеото е готово и во текот на оваа недела ја доживеа својата медиумска промоција.
Во четвртокот се сними видео за "Црно на Бело", песна од актуелниот албум "Во меѓувреме". Овој пат одлуката за видео продукција падна на нејзината матична продукциска куќа Gorilla Wild Entertainment Group во соработка со 3D Project Studio! Рок&Ролл студиото ги имаше потребните услови за оваа приказна! "Црно на Бело" е песна која е целосно поразлична од се до сега отпеано од Дани, па и во видеото се појавува во поинаква атмосфера! Премиерата на видеото ја очекуваме на MTV Adria за две недели од сега!
"Од денес" со реден број 2 од албумот "Во меѓувреме" со видео промоција на 30.12.2010 ги заокружи успесите од 2010 година.
Песната е дело на: Весна Малинова - музика и текст, Дарко Тасев - аранзман и Кристијан Габроски - снимање и миксање.
На останатите нејзини песни од албумот: 1. Што до тогаш; 2. Од денес; 3. Не е потребен трет; 4. После тебе; 5. Најдобра; 6. Можеш; 7. Црно на бело; 8. Никој како ти; 9. До последен ден; 10. Не живеам за другите; и 11. Животот е песна; исто така се потпишуваат Весна Малинова, Дарко Тасев и Кристијан Габровски.
На албумот се наоѓаат уште 2 песни, едната е реге верзијата на песната Што до тогаш која е направена од страна на The Hounds, момците од бендот на Дани, како и бонус траката Црвени дождови - ремиксот на Марга Сол и Кхазар.
Видеото за песната Од денес е направено од страна на Александар Јаневски - Ѕански, веќе добро познатиот соработник на Дани, кога станува збор за нејзините видеа.
Во петокот (15.04) на отворањето на "Скопскиот Филмски Фестивал" се прикажа долгоочекуваната премиера на македонскиот култен филм во режија на Владимир Блажевски “ПАНКОТ НЕ Е МРТОВ”.
Она што е интересно И изненадувачки е фактот што во добропознатата беспрекорна елитна актерска екипа (Тони Михајловски, Јордан Поп-Симонов, Кили, Камка Тоциновски), се најде и Дани, која дебитираше на филмското платно со улогата на Мараја – играјќи ја професионално, една од круцијалните споредни улоги во филмот. Како и во други работи (MTV Adria, MTV World Chart Express, MTV Europe Music Awards), така и овојпат Дани е првата пејачка која се проба на филм, а за која критичарите после премиерата нејзиното појавување го оценија за “неочекувано одлично”!
"Сеуште имам пеперутки во стомак... да се видиш на филмско платно, со таква екипа, во онаков филм, без грам искуство... адреналинот никако да ми се спушти на нормала. Возбуда, страст, огромна трема, брзо отчукување на срцето, крвта пред точка на вриење... Тоа се дел од емоциите во текот на гледање на филмот... Охрабрена од коментарите, смирена од режисерот Владимир Блажевски и поддржана од актерската екипа, верувајте, се чувствувам пресреќно! Филмот е магија, можда малку поинаква од онаа што ја има музиката, но е одвратно моќна магија!!!"
Дани во моментов е актуелна со последната “Од Денес” која е прво извадена песна со видео од нејзиниот втор по ред студиски албум, "Во меѓувреме", кој е во продажба од неодамна! Подготвува ново видео за "Црно на Бело", песна од истоимениот албум, песна која заразно навлегува во порите на радискиот етер!
Не секогаш се случува талентот во изразување на вокалните способности да е одлучувачки сегмент во изградбата и популарноста на еден пејач. Но доколку тоа се комплетира со исклучителен, динамичен сценски настап, отворен и харизматичен начин на комуникација со публиката, постојан порив за сопствено надградување и секако, врвна авторска екипа зад себе, кај нашата музичка сцена се издвојува во едно име - Дани.
• 2001, се запознава со реномираната продуцентка, авторка на музика и текстописец, Весна Малинова, со која постигнува огромен успех и долгогодишна соработка.
• 2001, синглот "Сите драги луѓе" (ар. В. Скендеровски) и' ја носи наградата за најдобра интерпретација на престижниот Скопски Фестивал.
• 2002 - 2005, се повлекува од музичката сцена и максимално се посветува на семејството. Верува дека во првите години на нејзиниот син таа треба да биде негова постојана и целосна поткрепа.
• 2005, со песната "Оставам се" (Д. Тасев/ В. Малинова/ Д. Тасев) прави очекувано голем камбек настапувајќи на Макфест.
• 2005, синглот “Срца две” го пука мразот со пробивање на MTV Adria, а како песна на тогаш единствен македонски изведувач влегува ко бр. 3 во Топ 10 на 10 Adria Girl на MTV Adria.
• 2005, Песната "Срца две" три месеци на топ листите во Македонија и рекордни 30 дена на прво место.
• 2006, излегува деби албумот "Ти да ме имаш" во продукција на Давор Јодрановски (автор на музика, аранжер, филмски композитор и продуцент - Биг Банг Студио, Торонто).
• 2006, "Ти да ме имаш" доживува огромен успех не само во земјата, туку и во регионот.
• 2007, Соработка со еминентната словенска продуцентска куќа Endemit, која го подготвува спотот за првата песна од албумот "Ти да ме имаш", "Црвени дождови" (В. Малинова/ В. Малинова/ Д. Тасев).
• 2007, Се случува огромен успех со кој се гордее Македонија: MTV Adria Top 20, MTV World Chart Express Top 5.
• 2007 февруари, добива музичка награда “Златна Бубамара на популарноста” за најуспешно пробивање во светот.
• 2007 април, прва соработка со УНФПА и Младинската мрежа, присуство и презентација на Anti-AIDS работилницата во Истанбул.
• 2007 септември, Загреб, победа во конкуренција со најдобрите бендови од целиот регион во трка за МТВ номинација. МТВ ја номинира во категоријата New Sounds of Europe - МТВ ЕМА, како преставник за Адриа регионот.
• 2007 октомври, награда за најдобра интерпретација и втора награда од публиката на Макфест 2007 за песната "Најдобра" (Дојчин/ Малинова/ Тасев).
• 2007 ноември, MTV Europe Music Awards во Минхен. Дани на Red Carpet на доделување на MTV EMA наградите.
• 2007 декември, "Што до тогаш" е најексплоатирана песна на MTV Adria за адриа регионот.
• 2008 февруари, добива награда за најголем интернационален успех на музичките награди “Златна Бубамара на популарноста” со што по втор пат го потврдува својот труд, неуморност и активност.
• 2008, Концерт во Порторож во рамки на Golden Drum Festival како најдобар македонски изведувач за таа година.
• 2008 август, победа на “Охридски трубадури” со “Никој како ти”.
• 2008 октомври, синглот “My life” е прогласен за химна на Anti-AIDS кампањата во Југоисточна Европа, а своја промоција има во неколку МТV светски куќи.
• 2008, За своите дела, напори и посветеност во Anti-AIDS кампањата добива титула ”Амбасадор на светската младинска мрежа” и во 2008 и во 2009 повторно ја потврдува својата ангажираност со трофеј за “Ambasador Y-Peer”.
• 2009, ексклузивка на приватниот Универзитет за туризам и менаџмент во Скопје. Започнува со студии на Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент.
• 2010 февруари, награда “Златна Бубамара на популарноста” за заложбите во Anti-AIDS кампањата.
• 2010, златен медал за најдобар Y-Peer амбасадор во Југоисточна Европа.
• 2010, синглот "Не живеам за другите" е промовиран на MTV Adria и влегува во Топ 10 листата.
• 2010 ноември, синглот "После тебе" станува неверојатен радиски хит.
• 2010, Нејзината оригиналност и неповторливост повторно доаѓа до израз со промовирање на сопствената линија на чевли MY WAY во соработка со брендот Граффити, а заработката од продажбата ја неменува за потребите на Y-Peer младинската мрежа.
• 2010 декември, концерт во скопскиот клуб Колосеум во чест на меѓународниот ден за борба против сидата.
• 30 декември 2010, промоција на вториот албум „Во меѓувреме“.
• 2010 декември, песната “Од денес“ се наоѓа на балканската топ листа Домачица на MTV Adria.
• 2011 мај, промоција на видеото за песната „Црно на бело“.
• 4 јули 2011, промоција на MTV Adria на видеото за дуетската песна „Борци“ со младиот рапер Скит Скитара од хип-хоп групацијата Токсикологија.
Клучот на успехот на Дани лежи во неуморната посветеност на својата работа, огромниот интензитет и енергија што ги вложува при секој свој нареден настап. Тоа ја извојува од мноштво други талентирани пејачи на ова поднебје.
“Ке се обидам да бидам кратка. Јас сакам да пеам. Ете, толку.” - Дани одговара на прашањето зошто ја избрала оваа професија, низ насмевка, едноставно и искрено, карактерни нишки што ја дефинираат нејзината личност, но и нејзината музика.















